Седница на Собранието, ќе се расправа за заемот за автопатот Кичево – Охрид

20.11.2019 10:33

Собранието денеска треба да ја одржи 116 седница на чиј дневен ред, меѓу другите, е Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид...

Собранието ќе ја одржи 116 седница. Пратениците ќе расправаат по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, предлог законот за изменување и дополнување на Законот градење, по скратена постапка, предлог законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка.

На дневен ред е и предлог законот за гаранција на Северна Македонија на обврските по договорот за заем за дополнително финансирање за автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.