Здравје

Правилно комбинирање на храната

20.11.2019 11:57

Органичете ја употребата на сите прехранбени продукти што содржат вештачки состојки и додатоци.

Основните принципи на правилното комбинирање лесно се паметат и следат. Придржувањето на овие принципи со време станува рутина.

1.            Најидеално е ако протеините се комбинираат со претеини, јагленохидратите со јагленохидрати, овошјето мора да се јаде само.

2.            Започнете секој ден со некое ензимско овоштие. Тоа може да биде ананас, јагоди, киви, сливи,смокви. Можете да јадете колку што сакате, но само еден вид истовремено – не е препорачливо да ги мешате, на пример јагодите и грозјето. Почекајте барем 1 час пред да земете друг вид на овошје. Исто така треба да минат 2 часа ако сакате да јадете некој друг вид храна.

3.            Ако пак по овошјето јадете некој друг вид јагленохидрати, можете да ги земете без ограничувањео, се додека не преминете на протеини.

4.            Но ако преминете на протеини дури ако сте ставиле и малку млеко во кафето, или сте изеле салата со пилешко месо, вашата исхрана во текот на денот би требало 80 отсто да биде веќе протеинска.

5.            Јагленохидрати се: зеленчук, салати, пченични снегулки, скроб и тие главно не се комбинираат со протеини.

6.            Протеини се: месо, риба, млеко, јогурт, сирење, ореви, семки, сладолед и тие главно не се комбинираат со јагленохидрати.

7.            Исфрлете ги од употреба диеталната сода, сахаринот, кремовите, шлагот, маргаринот (се она што се прават без млеко). Органичете ја употребата на сите прехранбени продукти што содржат вештачки состојки и додатоци.

Алкохолните пијалоци главно спаѓаат во јагленохидрати (пиво, виски, рум, текила, вотка) и треба да се пијат во време кога земате јагленохидрати. Виното спаѓа во овошје и може со него да се комбинира, шампањското е неутрално и се пие со кое било друго јадење.

Катерина Стојановска- Десковска