Композициите на „Рејдиохед“ во џез- верзија со ЗЏМ Биг-Бенд
Станува збор за проектот под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ со џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ – бенд кој од своето постоење до денес изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот и донесе прогресивен, иновативен и моќен звук.

На 30-ти ноември, во големата сала на Филхармонијата биг-бендот на Здружението на џез- музичари на Македонија (ЗЏМ) ќе ги изведе најдобрите теми на една од најпопуларните музички групи на сите времиња „Рејдиохед“.
Станува збор за проектот под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ со џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ – бенд кој од своето постоење до денес изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот и донесе прогресивен, иновативен и моќен звук.
Со биг-бендот на ЗЏМ ќе диригира Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од неговите досегашни фантастични настапи со овој ансамбл.
