Рамалах

Еракат: САД се дисквалификуваа од мировниот процес

20.11.2019 12:16

САД застанале на страната на Израел и го поткопуваат мировниот процес откако американскиот државен секретар Помпео изјави дека израелските населби на окупираните палестински територии се легални.

Генералниот секретар на палестинската ослободителна организација соопшти дека САД застанале на страната на Израел и го поткопуваат мировниот процес откако американскиот државен секретар Помпео изјави дека израелските населби на окупираните палестински територии се легални.

Истакна дека објавата на САД за палестинците е неважечка и дека ќе се преземе правна акција против Вашингтон во Обединети нации.