Во Апелација итен колегиум по најавите на Рускоска за финансиска истрага

20.11.2019 12:19

На состанокот присуствуваа и тројца членови на Судскиот совет. Од скопска Апелација се најавува официјално соопштение.

Судиите од Апелациониот суд на итен колегиум, по вчерашната изјава на обвинителката Вилма Рускоска, во која ја критикуваше одлуката на Апелација за куќен притвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, најавувајќи финансиска истрага за судиите што ја донесоа одлуката.

На состанокот присуствуваа и тројца членови на Судскиот совет. Од скопска Апелација се најавува официјално соопштение.

Вчера судот ја уважи жалбата на Јанева, одредувајќи и мерка куќен притвор по што таа го напушти истражниот затвор „Скопје“ и замина во станот на нејзиниот син во Центар. Оттаму ќе го чека првото судско рочиште за „Рекет“ закажано за 3-ти декември.