Малта

Уапсен бизнисмен за убиството на Галиција

20.11.2019 12:50

Полицијата уапси познат бизнисмен на Малта којшто бил цел на истражувачката работа на новинарката Галиција која загина во експлозија пред две години. Тројца мажи ги чека судење, но се уште се бара главниот мозок на операцијата...

Малтешката полиција ја пресретна луксузната јахта на познатиот бизнисмен Јорген Фенех и го приведе поради сомнение за поврзаност со експлозијата на автомобил бомба во 2017 година во која загина 53-годишната колумнистка која истражуваше случаи со корупција. Фенех е директор во енергетската мрежа на Малта, и косопственик на бизнис група која доби голема државна концесија во 2013 година за изградба на термоцентрала во земјата. Поседува и компанија на Дубаи којашто Галиција ја поврза со политичката елита во блог кој го објавила осум месеци пред убиството.

Независно од тоа кој е главниот мозок на оваа операција, јас ќе си ја извршам задачата која ја дадов под заклетва. Мора да сме внимателни во ова чувствително време. Ако кажеме премногу наместо премалку може да го попчреи случајот, и да доведе до негово неуспешно затворање“, изјави Жозеф Мускат, премиер на Малта.

Апсењето следи ден откако премиерот Мускат изјави дека ќе го помилува лицето осомничено за перење пари. Истражителите следат наводен финансиски канал меѓу медијаторот и тројцата обвинети за случајот.  Веруваат дека тој ги поврзал осомниченот нарачател со обвинетите извршители, како и со набавувачите на експлозивната направа. Тројката, која вклучува и двајца браќа, се товари за активирање на бомбата.

Во септември, по препораките во извештај од Советот на Европа, беше наредена јавна истрага. Ова тело од 47 земји-членки тврди дека малтешките власти не успеале да ги изведат пред правдата убијците на медиумскит работник со што се доведува под знак прашалник владеењето на правото на овој остров.

Маја Филдишев