Заев: Потребен е ветинг во судството
Шефот на владата потенцира дека на нашето општество му е потребен ветинг, посебно нагласувајќи дека тоа час поскоро треба да се направи во правосудството.
Премиерот Заев не ја коментира одлуката на Апелација за замена на мерката притвор со куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Јанева, ниту пак ставовите на обвинителката Рускоска.
Шефот на владата потенцира дека на нашето општество му е потребен ветинг, посебно нагласувајќи дека тоа час поскоро треба да се направи во правосудството.
„Нашиот народ очекува протресување на судии, обвинители, политичари, директори… Тоа треба добро да се организира. Ветигот е наша обврска како општество. Не мислам дека политичарите не треба да го спроведуваат ветингот. Мора да се помине низ тој процес. Во иднина очекуваме низ поглавјата да имаме трансформација на нашето општество. Мора да се протресеме сите“, рече Заев.
