ВМРО- ДПМНЕ: Ослободувањето на Јанева е срам за судството
Зоран Заев најпрвин на лидерска средба пред неколку месеци најави дека ќе мора да се ослободи од притвор Катица Јанева, а потоа тврдеше дека се лажги со опашки. Денес веќе е јасно за какво организирано сценарио се работи , велат од опозициската партија...
Она што вчера го видовме е само театар и претходно смислено сценарио, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, ослободувањето од притвор на Катица Јанева е срам за правосудството.
„Зоран Заев најпрвин на лидерска средба пред неколку месеци најави дека ќе мора да се ослободи од притвор Катица Јанева, а потоа тврдеше дека се лажги со опашки. Денес веќе е јасно за какво организирано сценарио се работи каде што театрално глумат и се караат Русковска и Апелација, па ќе се пријавуваат во полиција каде што министерот е најблизок на Зоран Заев и во спрега со ова обвинителството, за на крај да Зоран Заев тврди дека е потребно ветинг по негова мерка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
