Мемети: Многу поплаки за детските права

20.11.2019 13:29

По повод Светскиот ден на правата на децата, обудсманот со порака- Секој од нас, без разлика на која позиција е, за миг да го погледне светот низ детската призма и реално да ги види потребите на децата.

Годинава рекорден број на поплаки за детските права. Само досега има над 200, а најголемиот дел од поплаките се во сферата на образованието- вели народниот правобранител Иџет Мемети.

По повод Светскиот ден на правата на децата, обудсманот со порака-  Секој од нас, без разлика на која позиција е, за миг да го погледне светот низ детската призма и реално да ги види потребите на децата.

Денешниот ден, нагласи Мемети, е добра можност да ги потсетиме носителите на власта и тие што донесуваат и носат одлуки дека децата и нивните интереси мораат да имаат приоритетно значење, а при донесувањето на одлуките кои се однесуваат на децата секогаш внимателно да оценат како тие ќе се одразат во животот на децата.