Почна откупот на тутунот од годинашната реколта
Почна откупот на тутунот. Родот е ист како ланскиот, над 25.000 тони, но квалитетот е поголем, велат тутунарите, откупувачите и од Министерството за земјоделство. Денеска вратите на откупните пунктови ги отворија три од деветте откупувачи, меѓу кои и Прилепскиот Тутунски комбинат кој ќе откупи околу 3.000 тони, а исплатата ќе биде по еден ден од откупот...
Почна да се мери тутутнот на вага. Откупот почна, очекувањата на тутунарите големи. Годинава родот е нешто повеќе од 25.000 тони, но квалитетот е многу поголем што треба да обезбеди и повисока просечна цена.
Очекуваме мирна и стабилна откупна кампања. Тутун ќе откупуваат 9 компании кои имаат гаранција и дека ќе го платат родот. Обезбедени се и поверенците на вагите за реален откуп, вели министерот за земјоделство, Трајан Димовски.
Денеска пунктовите ги отворија три откупни компании: Прилепскиот тутунски комбинат, Сокотаб од Битола и грчката фирма Секе. Прилепскиот комбинат ќе почне со исплата по еден ден од откупениот род. Ќе преземе околу 3.000 тони.
Според очекувањата на производителите, дури 60 насто од родот треба да биде процент во прва и во втора класа. Почетокот на откупот, законски, е до 15-ти декември.
Елизабета Митреска
