Со производство на платина и паладиум Русите ќе го засенат сјајот на златото

20.11.2019 14:10

Русија ќе доминира со светското производство на платина и паладиум преку новиот арктички проект, инвестиција од 15 милијарди долари.

На рускиот полуостров Таимир привршува проектот Арктички паладиум кој вклучува развој на неколку богати лежишта на метали од групата на платина. Се очекува Русија да стане најголем и најдобар светски производител на руда од платина. Металите од групата ПГМ сочинуваат 6 метали: паладиум, платина, рутениум, родиум, осмиум и иридиум.

Имаат слични хемиски и физички својства и тенденција да се појавуваат заедно во исти лежишта на минерали. На тие лежишта се наоѓаат речиси 5 000 тони метал од оваа група, со потенцијал да се произведуваат по 120 тони годишно-изјавил шефот на руското производство на платина Муса Базхаев.

Производството се планира да започне во 2024 година, а ќе произведува 50% од светското количесво платина. Тој му соопштил на рускиот претседател Путин дека Русија сигурно ќе стане лидер во производство на платина особено со зголемувањето на товарниот сообраќај по должината на Северно море. Проектот предвидува и заштита на животната средина.

Во проектот биле инвестирани 15 милијарди долари, а нето добивката во моментов изнесува 3,7 милиони долари, што според Путин е одличен резултат. Руската рударска индустрија е втора по големина по нафтената и индустрија и гасот и претставува значаен дел во БДП и во извозот.

Соња Стојановска