Еко акција за расчистување на диви депонии во Општина Аеродром
Акцијата се реализира во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Екипи на претпријатието со тешка механизација го расчистуваат теренот од купиштата насобран шут.

Општината Аеродром ги започна активностите за расчистување на огромната дива депонија создадена кај стадионот во населбата Горно Лисиче. Акцијата се реализира во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Екипи на претпријатието со тешка механизација го расчистуваат теренот од купиштата насобран шут.
Надлежните сметаат дека за целосно расчистување на теренот ќе бидат потребни неколку дена, а предвидувањата се дека ќе бидат собрани околу 1.500 кубни метри отпад. Од општината Аеродром упатуваат апел до граѓаните совесно и правилно да го фрлаат отпадот, за да се спречи создавање нови диви депонии.
