Недела на грижа за стари лица
Национална конференција на тема: ,,Здраво старење и социјални сервиси за старите лица“

Како дел од активностите во рамки на Неделата на грижа за стари лица, со цел поттикнување на активното стареење и унапредување на развојот на вонинституционалните форми, се одржа Национална конференција на тема: ,,Здраво старење и социјални сервиси за старите лица“. Беше промовиран и Документарниот филм посветен на корисниците на Дневниот центар за стари лица, но и на волонтерите и стручниот тим на Црвениот Крст кои несебично и секојдневно се трудат да го разубават и со корисни содржини да го исполнат животот на лицата во третото доба.
„Преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје по повод неделата се организираат хуманитарни активности (едукативни, креативни работилници, посети на старите и немоќни лица во нивните домови, бесплатни прегледи и сл,пензионерските домови и др.). Во рамките на Неделата се организира и акција за бесплатно мерење на шеќерот во крвта и крвниот притисок на старите лица. Активностите на локално ниво се имплементираат во соработка со СЗПМ и општинските здруженијата на пензионери со кои Републичкиот Црвениот крст континуирано остварува добра соработка, како и со центрите за социјална работа и граѓанските здруженија”, истакна Катерина Гиевска – Координатор на социјален сервир: ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“
На Конференцијата беше презентирана и Студија за изводливост – Истражување на можноста за воведување,, Копче за итен случај“ и други услуги за поддршка на старите лица, а се одржа и Панел дискусија на тема: ,,Здраво стареење и социјални сервиси за старите лица“ на кои учество земаа Проф.Д-р.Иван Трајков – од Институт за социјална работа и политика при Филозофски факултет-Скопје, Душан Томшиќ – Посебен советник за социјална заштита при Министерство за труд и социјална политика на РСМ и Станка Трајкова – Претседател на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија.
Јасмина Никова
