Зголемен бројот на пациенти со ХОББ
Бројот на пациентите со Хронична опструктивна белодробна (ХОББ) болест се зголемува. Поради пушењето сѐ почесто страдаат младите. Состојбата дополнително ја влошува аерозагадувањето. На светскиот ден, се вршеа превентивни прегледи...
Недостиг од воздух, тешко дишење, болка во градите, слабост на организмот – ова се симтомите на Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ). Се зголемува бројот на болни, а поради пушењето сѐ почесто страдаат младите. Состојбата дополнително ја влошува аерозагадувањето. На светскиот ден, се вршеа превентивни прегледи, дел од граѓаните се упатени за дополнителни испитувања.
„Не ми се баш добри резултатите, сега ми дадоа ливче за да земам упат и да одам кај нив на преглед да испитаат зошто ми е слаб воздухот на издишување.“
„Не, немам проблеми, активно трчам покрај Вардар, но сакав да го проверам плукниот капацитет.“
„Некогаш потешко дишам, особено навечер.“
„Имав порано проблеми на плуќата и еве сега баш такви мерења прават. Ова ќе ми даде насока дали да продолжам понатаму да контролирам и да се лекувам“, велат граѓаните.
На Институтот за белодробни заболувања од ХОББ се лекуваат по 1.000 пациенти годишно. Лекарите објаснуваат дека ова е системско заболување, поради кое страдаат и другите органи. Важно е навреме да се открие за да биде успешно лекувањето.
„Оваа болест не може да биде излекувана целосно во текот на животот. Но, е болест која може да се превенира и што може добро да се контролира. Доколку лицата кои што пушат се одвикант од навиките може да се застане во пргресијата на заболувањето. Инаку болеста е прогресивна, кога ќе се појават пореметувања во дишните патишта водат до инвалидитет и до голем број на смртни случаи“, изјави проф. д-р Билјана Илиевска од Институтот за белодробни заболувања.
Во Македонија речиси 150 илјади граѓани ја имаат оваа болест. Во светот, пак, 250 милиони боледуваат од ХОББ.
Андријана Атанасовска
