Американскиот Сенат усвои закон за Хонгконг
Пекинг го осуди законот и порача дека ќе ги преземе сите мерки за да се заштити суверенитетот и безбедноста на земјата, додавајќи дека САД треба да престанат да се мешаат во работите на Хонгконг и на Кина.

Американскиот Сенат усвои предлог- закон за заштита на човековите права во Хонгконг по ударот на кинеските власти на про- демократското движење во кинеската автономна територија. Пекинг го осуди законот и порача дека ќе ги преземе сите мерки за да се заштити суверенитетот и безбедноста на земјата, додавајќи дека САД треба да престанат да се мешаат во работите на Хонгконг и на Кина.
Протестите кои траат повеќе од пет месеци во Хонгконг, не стивнуваат. Демонстрантите протеститаат против кинеското мешање во слободите на Хонгконг, загарантирани во рамки на предавањето на поранешната британска колонија на матичната земја во 1997 година. Кина ги отфрла тврдењата како неосновани.
