Јагниња за извоз има доволно

05.03.2014 08:54

Благата зима им се погоди на овчарите, a стадата овци се сеуште на пасиштата. За велигденскиот извоз јагниња ќе има доволно,а колку ќе се продадат зависи од откупната цена.

На европскиот пазар годинава ќе можат да извезуваат четири регистрирани кланици. На почетокот од откупна сезона сточарите очекувааат до 180 денари килограм жива мера за јагне.

Во моментов трговците нудат од 130 до 150 денари за килограм слично како лани.

Извозниот шпиц треба да биде на почетокот од Април.

Македонија на традиционалните пазари извезува скоро 2.500 тони јагнешко месо и е трета извозна гранка по тутунот и виното. 

Сточарите велат дека ова е добра година за овчарството. Целата зима стадата ги користеа пасиштата, а и цените на јачменот и на пченката беа безмалку 30 проценти поевтини од лани.

Метидија Трајков