Политика

Реакции по одлуката за пуштење од притвор на Јанева

20.11.2019 15:02

Она што вчера го видовме е само театар и претходно смислено сценарио, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, ослободувањето од притвор на Катица Јанева е срам за правосудството. Премиерот Заев не сака да ги коментира одлуката на Апелацискиот суд. Повтори дека ветинг ќе има за судовите и обвинителствата...

Одлуката за пуштање од притвор на Катица Јанева е срам за правосудството, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, станува збор за организирано сценарио каде што театрално глумат и се караат Рускоска и Апелација, а Заев тврди дека е потребно ветинг по негова мерка. Истрагата за „Рекет“ се води аматерски и заштитнички кон криминалот, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев не сака да ги коментира одлуката на Апелацискиот суд и најавата на обвинителката Рускоска дека ќе бара финансиска истрага за судиите кои ја пуштија поранешната специјална јавна обвинителка Јанева во куќен притвор. Шефот на владата повтори дека ветинг ќе има за судовите и обвинителствата, бидејќи тоа е вели, неопходен процес што мора да се случи.

Заев посочи дека имал и политичко ветување за реизбор во правосудството. Додава дека аргументите биле оти немало доволен капацитет при евентуално анулирање со ветингот на одредени судии и обвинители. Премиерот рече дека за ова има позитивни сигнали и од опизицијата и оти се надева дека наскоро ќе се реализира.

Милчо Велески