Политика

Расправа во Собранието за автопатот Кичево- Охрид

20.11.2019 15:08

Расправа во Собранието за заемот за дополнително финансирање на автопатот Кичево- Охрид. За опозицијата, власта цели три години непотребно ја пролонгираше изградбата на автопатот иако имаше готов проект и беа реализирани околу 76 насто од земјените работи. За парламентарното мнозинство имало доста пропусти во проектната документација...

Три години власта измислува различни причини за да ја пролонгира изградбата на автопатот Кичево- Охрид реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, иако најави дека ќе го поддржи Законот за заем. Спорно е што со доцнењето на изградбата трпи економијата, а е нарушена безбедноста на граѓаните.

Од парламентарното мнозинство уверуваат дека со оваа дополнителна позајмица автопатот Кичево- Охрид ќе се заврши до 2021-ва. Од СДСМ сметаат дека претходната власт комлетно ја промашила трасата со проектната документација, што го потврдиле и Градежниот факултет и  странска консултанста куќа, имало и пропусти во изградбата на тунелот, а ниту биле предвидени клучки кон населените места.

Министерот за транспорт и врски вели дека со изградбата на автопатот до 2021-ва ќе се овозможи брз и безбеден транспорт на патници и стоки во југозападниот дел на земјава на коридорот осум.

Заемот од речиси 180 милиони долари  ќе се отплатува во 20 години почнувајќи од 2024-та. Изградбата на оваа делница почна во 2014-та. Се проценуваше на околу 360 милиони евра, а требаше да биде завршен до почетокот на оваа година.

Игор Панов