САД
Дипломат тврди дека Трамп наредил вршење притисок врз Украина
21.11.2019 10:33
Претставничкиот дом почна истрага за тоа дали е претседателот условувал воена помош за Украина во замена за политичка услуга од странска влада, што е нелегално според законот на САД.

Американски дипломат изјави дека ги следел наредбите на претседателот Доналд Трамп за вршење притисок врз Украина за да го истражи неговиот демократски ривал Џо Бајден.
Амбасадорот за ЕУ Гордон Сондленд тврди дека насоките ги добивал од адвокатот на Трамп, Руди Џулијани. Претставничкиот дом почна истрага за тоа дали е претседателот условувал воена помош за Украина во замена за политичка услуга од странска влада, што е нелегално според законот на САД.
Тој негира каква било вина и бара прекин на, како што вели, „ловот на вештерки“.
