Продолжуваат антивладините протести во Венецуела
05.03.2014 09:09
Денеска Венецуела одбележува една година од смртта на поранешниот претседател Чавез...

Во Венецуела нов ден антивладини протести. Демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели врз националната гарда која апсеше.
За да ја смири кризата, претседателот Николас Мадуро разговара со верските и општествените лидери и некои опозиционери, но главните опозициски фигури не доаѓаат на средбите.
Народот е гневен поради состојбите со безбедноста и економијата.
Денеска Венецуела одбележува една година од смртта на поранешниот претседател Чавез.
