Театар на сенки

Фестивалот „Сонот на облачето“ со гости од Шпанија, Германија и Бразил

21.11.2019 12:31

Како единствен фестивал на сенки во поширокиот регион, фестивалот „Сонот на облачето“ успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската публика.

Седмото издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ ќе се одржи од  25 до 27 ноември Младинскиот културен центар во Скопје.

Како единствен фестивал на сенки во поширокиот регион, фестивалот „Сонот на облачето“ успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската публика. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Светлосни години“ на Луз Микро и Пунто од Шпанија. 

На втората фестивалска вечер  ќе биде прикажан анимираниот филм со сенки „Црна школа”, проект на Фабијан Штроебер од Германија и претставата „Циркус анимус” на театарот „Сиа Касе Синема” од Бразил. На 27 ноември фетсивалот се затвора со претставата „Алиса и чудата“ на  театарот „Сенки и облаци“.