СДСМ: Мицкоски лаже за договорот со Бугарија

21.11.2019 13:20

Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот. Кога лаже Мицкоски?

Владејачката СДСМ го обвини лидерот на опозицијата Мицкоски дека едно зборува дома, а друго надвор од земјава, како на последната средба со бугарскиот премиер Борисов. Тоа според социјалдемократите, претставува скандалозен однос кон граѓаните.

„Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот. Кога лаже Мицкоски? Кога на прес конференции од белиот дворец и на средби со граѓани низ државата велеше дека Договорот е штетен и капитулантски? Или вчера излажа Мицкоски, во Загреб кога кажа дека тој и ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат Договорот за добрососедство и тоа на бугарски јазик“, велат од СДСМ.