ВМРО-ДПМНЕ: Во администрацијата владее тотален хаос
Според ВМРО-ДПМНЕ, од 11 ноември досега, биле објавени нови 452 огласа за вработување во администрацијата за вкупно 519 лица.
Опозицијата ја обвини власта за тотален хаос во администрацијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, од 11 ноември досега, биле објавени нови 452 огласа за вработување во администрацијата за вкупно 519 лица.
„Од 20 октомври 2019 година, до денес, согласно нашата евиденција, објавени се над 1.500 огласи за вработување во администрација на определено и неопределено работно време за над 2.500 лица, додека од 11.11.2019 година, откако одржав прес конференција пред зградата на Делегацијата на Европска Унија, до денес, објавени се нови 452 огласи за вработување во администрација на определено и неопределено работно време за вкупно 519 лица“, изјави Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
