Борба со загадувањето

Макрадули: Субвенции за инвертери до крајот на годината

21.11.2019 14:24

Постапката за субвенционирано купување инвертери ќе биде електронска, најави заменик министерот Јани Макрадули. Со помош на Светска банка, земјите од регионот ќе формираат работна група за справување со загадувањето на воздухот...

Субвенции за инвертери до крајот на годинава. Постапката ќе биде електронска, а со тоа и изборот праведен, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули рече дека со мерката се доцни поради административни процедури во процесот на јавни набавки. Вели дека во буџетот за идната година има неколку ставки што придонесуваат за борбата со загадувањето.

Со поддршка на Светска банка, министерството поведува заедничка иницијатива со земјите од регионот за формирање работна група која што ќе се справува со проблемите кои го предизвикуваат аерозагадувањето, од лоцирање на изворот до преземање на активностите.

Макрадули информира дека резултатите од случајот „Охис“ покажале дека нема загадување во воздухот.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска