Работнички права

Синдикатот испорача нови брања до Владата

21.11.2019 14:33

38 часа работна недела, 12 месеци за догововорите на определено, породилно отсуство во траење од една година. Синдикатот испорача барања до Владата. Оттаму посочија- со социјален дијалог се наоѓаат заеднички решенија...

Со новиот Закон за работни односи, времетраењето на догворите на определено да се ограничи на една година, работната недела да трае 38 часа, а породилното отсуство 12 месеци. Синдикатот испорача барања до Владата за унапредување на работничките права, колективно договарање.

Европските синдикалци порачаа да се обврзаат странските инвеститори кои доаѓаат во државава да понудат исти услови за работа како во нивните земји, минималецот да го достигне нивото на минималната потрошувачка кошничка, да се зајакне колективното договарање со приватниот сектор

Конечниот текст на Законот ќе има пријатно изненадување за сите- порачаа од Владата. Ќе има решенија за сезонската работа, за работата од дома, европските трендови на работно време, ноќната смена. Надлежните велат дека покрај разговорите со синдикатите, за подобрување на работничките права разговараат и со стопаснките комори и работодавачите. Уверуваат дека немаат драстични противења, ставовите велат наскоро ќе ги обелоденат.

Од Влдата велат дека во новот законско решение ќе бидат инкорпорирани и забелешките на Меѓународната организација на труд и на Светската банка.

 

Сузана Фиданска- Стоевска