Мицкоски: Власта и платените пи-ар пера ја искривуваат вистината
Појаснува дека партијата и тој лично подржува сѐ што е добро за Македонија и за Бугарија.
Власта и платените пи-ар пера ја искривуваат вистината и во јавноста пласираат лажни вести- лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори на информациите дека тој на средбата со Борисов во Загреб, рекол дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија. Појаснува дека партијата и тој лично подржува сѐ што е добро за Македонија и за Бугарија.
„На средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев“, изјави Мицкоски.
