Климатски промени

Пендаровски: Ќе преземам сè што е во моја надлежност да се ублажат негативните ефекти од климатските промени

21.11.2019 14:48

Ќе преземам се што е во моја надлежност за да се ублажат негативните ефекти од климатските промени- изјави претседателот Пендаровски. Повика сите активно да се вклучат во креирањето поздрава животна средина. На конференцијата во рамките на кампањата „Не игнорирај- реагирај“, експерти од земјава и регионот дискутираат за ризиците и за решенијата за ублажување на климатските промени...

Иако била во завршна фаза, пред да ја потпише, претседателот Пендаровски ја вратил Стратегијата за одбрана за да биде дополнета со посебни мерки за еколошка безбедност. Шефот на државата повика сите активно да се вклучат во креирањето поздрава животна средина. Изрази поддршка на граѓанскиот сектор кој се залага за поголем буџет и посочи дека е потребно да се инвестира во интегрирано еколошко образование.

Потребна е долгорочна стратегија и инвестирање во зелени технологии. Сите имаме обврска да ги смениме негативните промени, рече британската амбасадорката Галовеј.

Наскоро ќе се затворат 30 неуредени депонии низ земјава, а со новиот Закон за животна средина кој е во процедура се решивме и за одредени непопуларни мерки – зголемување на надоместоците за увоз на стари возила, велат од ресорното министерството.

Експертите од регионот велат- потребни се паметни енергетски решенија.

Климатските сценарија се дека средната годишна температура во земјава ќе се зголеми за 1.9 степени целзиусови до 2050-та. Достапноста на населението до вода ќе биде ограничена, а сувите периоди и поплавите ќе бидат почести.

Сунчица Николоска