Енергетика

Промовирана алатка за споредба на цените на пазарот со струја

21.11.2019 14:54

Регулаторната комисија за енергетика ја презентираше првата интернет платформа за споредување цени на електрична енергија за малите потрошувачи и домаќинства. Целта е да се олесни изборот на снабдувач со електрична енергија. Засега на платформата се објавени конкурентните понуди на снабдувачите од двотарифниот систем...

Информации за цената на струјата и споредба на понудите од активните снабдувачи на пазарот на мало ќе обезбеди првата платформа на Регулаторната комисија. Новата алатка обезбедува следење на цените, информации за периодот на траење на договорот за снабдување и фактурирањето.

Засега на платформата се објавени конкурентните понуди за малите компании, а за домаќинставата од универзалниот снабдувач.

Во регионот ова е прва платформа за споредба на цената на струјата на снабдувачите на пазарот.

 

Дијана Ценевска