АИ: Загрозени правата на демонстрантите во Чиле

22.11.2019 10:32

Организацијата посочува дека полицијата користи огнено оружје против демонстрантите и дека поседува документација за тортура, сексуално злоставување и повреди од солзавец.

„Амнести интернешнл“ во објавениот извештај наведува дека чилеанските безбедносни сили сериозно ги загрозуваат правата на демонстрантите на мирно собирање и слобода на изразување.

Организацијата посочува дека полицијата користи огнено оружје против демонстрантите и дека поседува документација за тортура, сексуално злоставување и повреди од солзавец.

Чилеанскиот Национален институт за човекови права објави дека 26 цивили се убиени, а повеќе од 2.000 се повредени за време на протестите во оваа јужноамериканска земја.

Протестите кои почнаа како студентски демонстрации поради зголемувањето на цената на билетот на метрото, прераснаа во граѓанско движење кое бара реформи во образованието, здравството, пензиите и нов устав.