Венецуела

Студенти протестираа против Мадуро во Каракас

22.11.2019 11:13

Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател на Венецуела во јануари, повика на континуирани демонстрации против Мадуро, но опозицијата не успеа да привлече голем број граѓани.

Во Каракас студенти протестираа, барајќи крај на владеењето на Венецуелскиот социјалистички претседател Николас Мадуро.

Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател на Венецуела во јануари, повика на континуирани демонстрации против Мадуро, но опозицијата не успеа да привлече голем број граѓани.

Студентите кои протестираат, ја повикаа војската да ја откаже послушноста кон Мадуро и да се приклучи на нивната борба да се стави крај на политичката и економската криза во земјата.