Стоп за шампионот, Хауард ита кон рекордот на Баркли
05.03.2014 09:51
Хјустон ја прекина серијата од 8 победи во низа на Мајами, со триумфот од 106:103, зад 40-тиот дабл-дабл учинок на Двајт Хауард (22 поена со 16 скокови). Центарот на Рокетс е блиску до остварувањето на Баркли, кој што имаше 42 двоцифрени учинока во сезоната 97/98.
Џејмс Харден имаше 21 поен, со 11 асистенции. Во поразот, Леброн Џејмс постигна скромни 22 поена, само една вечер по личниот и рекордот на франшизата (61 поен). Повратникот по повредата, Двејн Вејд постигна 24 поени, колку што имаше и Бизли.

Кевин Дјурант ја продолжува мртвата МВП трка со Леброн, постигна 42 поена во победата на Оклахома над Сиксерс (125:92) за 9-ти триумф во низа, во кој што му асистира Расел Вестбрук со 13 поени, 14 додавања и со 10 скокови.
Најголемото изненадување на вечерта го приреди составот на Голден Стејт, со победата 98:96 кај тимот со најдобар скор сезонава (46/14), што беше само 4 пораз во 33 меча на Пејсерс одиграни во Индијанаполис.
На другите средби:
Кливленд – Сан Антонио 101:122
Феникс – Клиперс 96:104
Лејкерс – Њу Орлеанс 125:132