Последен ден сведочења во рамки на процедурата за отповикување на Трамп

22.11.2019 14:07

Демократите во Претставничкиот дом засилено работат на тоа да се претресат сите изнесени докази и материјали добиени од клучните сослушувања оваа и минатата недела.

На петтиот и последен ден сведочења во рамките на процедурата за отповикување на американскиот претседателот Доналд Трамп, исказ дадоа Фиона Хил, поранешниот советник за Русија во Белата Куќа и Дејвид Холмс, аташе за надворешна политика во амбасадата на САД во Киев.

И двајцата потврдија дека барањето на американскиот претседател странска земја да спроведе истрага за негов политички ривал е „многу лош преседан“.

Демократите во Претставничкиот дом засилено работат на тоа да се претресат сите изнесени докази и материјали добиени од клучните сослушувања оваа и минатата недела.

Во наредниот период со очекува одборот за правосудство да донесе одлука за гласање за импичмент на претседателот. Предвидено е да се одржи најдоцна пред католичките Божиќни празници.