Образование

Независниот академски синдикат бара итно решавање на проблемите во високото образование

22.11.2019 14:28

Независниот академски синдикат бара нов колективен договор и формирање Национален совет. Оттаму велат- има голема разлика во платите на универзитетските професори и научната фела...

Колективен договор и формирање на Национален совет бараат од Независниот академски синдикат. Оттаму велат- во споредба со издвојувањата за платите на академскиот кадар во регионот, нашата држава издвојува два до трипати помали средства и како апсолутен износ на плати и како коефициент од просечната плата во државата.

Како што велат, нејасно е и како се определува покачувањето на платите. Од 2010 до 2018 година, државниот буџет пораснал за 38 проценти, а платите на вработените во високото образование и науката не го следат ниту растот на буџетот, ниту растот на платите во другите јавни сектори.

Наместо селективни и паушални решенија кои претставуваат предизборно купување социјален мир, Независниот академски синдикат бара системско решавање на проблемите.

 

Александра Спировска