Младински додаток

Со нова мерка ќе се поттикнува вработувањето во производствениот сектор

22.11.2019 14:35

Младински додаток- владата со нова мерка ќе го поттикнува вработувањето во дејноста производство. Секој вработен млад човек до 23 години ќе добива по 3.000 денари месечно. Надоместокот ќе го исплаќа Агенцијата за вработување...

3.000 денари месечно за секој млад човек до 23 години кој е вработен или ќе се вработи во дејноста производство. Владата со новата мерка младински додаток ќе го потикнува вработувањето во овој сектор. Ќе се исплаќа на лицата до 23 години, по завршувањето на средното образование.

Надлежните очекуваат новото законско решение да им помогне на компаниите да добијат квалитетна работна сила, а младите повисок животен стандард. Месечниот надоместок ќе го исплаќа Агенцијата за вработување, а работодавците ќе немаат никаква обврска.

Компаниите од месната индустрија се задоволни од мерката. Очекуваат ова да ги мотивира младите кои и онака се дефицит во оваа струка, да се заинтересираат за работа во производството.

Мерката младински додаток ќе важи три години, а од буџетот на Агенцијата за вработување ќе се одвојат 15 милиони евра. Според податоците во земјава над 4.000 млади лица до 23 години се вработени во производствената дејност.

Викторија Милевска