Заев: Ветинг во правосудството мора да има
Појаснува дека политичарите треба да се изземат од комисиите за спроведување на процесот. Препорачува тоа да бидат стручњаци, а не исклучува и меѓународни експерти.
Ветинг во правосудството мора да има, вели премиерот Зоран Заев. Појаснува дека политичарите треба да се изземат од комисиите за спроведување на процесот. Препорачува тоа да бидат стручњаци, а не исклучува и меѓународни експерти.
„Верувам дека ќе се разгледаат сите варијанти, она што значи поголема продукција на идни кадри, и за јавни обвинители и за судии. Ваквиот процес мора да ги извади политичарите надвор од ваквите комисии, мора да бидат експерти, препорачувам и меѓународни. За нашата земја следува процес на севкупна трансформација на општеството. Верувам ќе ги изнајдеме најдобрите решенија и во правосудството“, изјави премиерот Заев.
