Мицкоски на средби со раководните луѓе на ЦДУ
Мицкоски вели- смитот на Европската народна партија во Загреб беше успешен, ги реафирмиравме нашите ставови за апсолутна и целосна поддршка на патот на Македонија кон ЕУ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со партиска делегација во Германија на средби со раководните луѓе на сестринската ЦДУ. Разговарале за актуелната политичка ситуација, за дополнителна соработка и за лобирање за земјава.
Мицкоски вели- смитот на Европската народна партија во Загреб беше успешен, ги реафирмиравме нашите ставови за апсолутна и целосна поддршка на патот на Македонија кон ЕУ.
„Сакам да порачам дека во полн израз доаѓа завидлизмот на Заев. Откако виде дека и последната негова теза, неговиот меур како сапуница се распрсна дека ВМРО-ДПМНЕ практично имала неуспешен конгрес во рамките на ЕПП во Загреб. Поддршката е огромна, средби со голем број претставници, со голем број претседатели на наши сестрински партии. Ја реафирмираа недвосмислената поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ и на следните предвремени парламентарни избори голем дел од нив ќе присуствуваат во насока на поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на патот на Македонија кон Европската Унија“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
