Белград

Пендаровски- Вучиќ: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

22.11.2019 15:08

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Србија. Шефот на државата беше примен со највисоки државни и воени почести од српскиот претседател Вучиќ. Теми за разговор- евроинтеграциите, регионалната и билатералната соработка. Брисел не треба да го заборави Западен Балкан, бидејќи иднината на овие земји е во ЕУ- се согласија двајцата државници...

Претседателот Стево Пендаровски во официјална посета на Србија. Шефот на државата беше примен со највисоки државни и воени почести од српскиот претседател Вучиќ. Теми за разговор- евроинтеграциите, регионалната и билатералната соработка.

Брисел не треба да го заборави Западен Балкан, бидејќи иднината на овие земји е во ЕУ- се согласија двајцата државници.

„Во услови кога не знаете точно каде оди Европа, многу е битно да не предлагаме алтернатива, туку да разбереме дека мора да го изработиме она што го можеме сами“, рече претседателот Вучиќ.

„Новата методологија децидно вели дека не се предвидува никаква замена на членството за државните од Западниот Балкан, со какво било друго интегрирање, тоа е многу битно, бидејќи тоа беше главната поента од мојот разговор со претседателот Макрон кој ми рече буквално дека ниту денес, ниту било кога сум имал идеја да ви нудам алтернативно членство“, нагласи претседателот Пендаровски.

Вучиќ и Пендаровски разговарале и за иницијативата „Мал шенген“. И двајцата констатираа дека Македонија и Србија немаат отворени прашања.