Битола

Европска недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ

22.11.2019 15:26

Заболувањата од Хепатитис и ХИВ во земјава бележат благ пораст. Од битолскиот Хепар центар уште еднаш апелираат потребните лекрства да бидат на примарната листа. И по две години преговори со министерството заболените посебно од Хепатитот ц сами и по цени од 250 евра ги набавуваат лекарствата, а со тоа превентивата е на пониско ниво...

Заразно преносливи болести кои со навремена превенција се лечат, ама за жал немаме лекарства. Во однос на терапијата со министерството сме во преговори веќе две години, но се уште нема ништо од тоа овие лекови да бидат ставени на позитивната листа. Посебно е тешко кај заболените од хепатитот Ц кои мораат сами да ги купуваат и чинат околу 250 евра, велат од битолскиот Хепар центар на првит ден од Евопската недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ.

Во рзични групи влегуваат сите категоии на луѓе. Ако не сме свесни дека поседуваме вакви заболувања, шансите да се пренесе вирусот се големи. Младите ги поздравуваат ваквите едукативни настани.

Ваквите болести во земјава бележат благ пораст и изнесуват нешто повеќе од еден процент од вкупната популација, велат од Хепар центарот. Сметаат дека тоа се должи на послабата превентива.

Најтешките случаеви завршуваат со карцином и циоза на црниот дроб. Кампањава е насочена кон превевнција од хепатитите од чие ширење. Во светот годишно умираат околу еден и пол милиони луѓе или 4.000 дневно.

Стевче Митревски