Преку 350 прилепчани поднеле барања за материјално обезбедување од државата
Прилепчани заинтересирани да ја искористат можноста за надомест според законот за материјално обезбедување од државните фирми по стечај, ликвидација или технолошки вишок. Во бирото за вработување непречено ги примаат барањата.
-До петокот, до крајот на работното време имавме над 350 барања, вели Силвана Пашоска, директор на Центарот за вработување во Прилеп.
Некогашните работници со надежи, но некои констатираат дека не им биле плаќани придонесите, иако имаат над 25 години стаж.

-Дојдов да поднесам барање за Законот. Што ќе биде, не знам. Работев во „Металмонт“ и „Солидност“, ако се сметаат за државни фирми.
-Некој не ми платил придонеси и сега за четири месеци го губам ова.
Засега не се знае преку кои државни фирми поранешните работници ќе го остварат правото.
-Како што ќе ги добиваме списоците на фирмите кои се одредени дека во тој период биле со доминантен државен капитал, ние ќе ги решаваме, вели Силвана Пашоска.
Во синдикатот очекуваат барем 100 ина стечајци или технолошки вишок да бидат обезбедени.
- Еурокомпозит и Тутунскиот комбинат се речиси во државна сопственост целосно, така што сите работници кои го загубиле работниот однос како технолошки вишок сметаме дека ги исполниле условите очекувам дека ќе бидат над 1000 работници, реално, вели Лазар Ангелески, претседател на прилепскиот регионален синдикален совет.
Законските импликации се позитивни.
-Законот решава дел од проблемите на стечајните работници што е позитивно, вели Ангелески.
Се очекува со Законот да бидат опфатени 3000 лица во земјава.
Интересот е голем да се оствари правото на државен надомест. Дневно се примаат и до 50 барања. Се чека владата да го објави списокот на фирмите.