Судство

Рускоска со писмено образложение за СМС пораката

22.11.2019 15:50

Рускоска испратила писмено образложение за СМС пораката за случајот со Катица Јанева. Обвинителството го анализира решението за куќен притвор на екс специјалната обвинителка. Заев категоричен - во судството мора да има ветинг. ВМРО-ДПМНЕ со критика- случајот„Рекет“- правосудна фарса...

Обвинителката Вилма Рускоска испрати писмено образложение до државниот обвинител Љубомир Јовески и до Советот на јавни обвинители за СМС -пораката за случајот со Катица Јанева. Советот на јавни обвинители- на колегиум. Велат- евентуална одговорност може да утврди единствено државниот обвинител.

Ветинг во судството е неопходен, премиерот категоричен во ставот. Смета дека политичарите треба да се изземат од учество во комисиите, потребна е стручна помош и меѓународна експертиза.

Катица Јанева е пуштена по налог на Зоран Заев само за да не пропее за вмешаноста на политичкиот врв на СДСМ и власта во случајот рекет. Сето она што го имаше кажано Апелација пропаѓа во вода, велат од ВМРО-ДПМНЕ.  

Според ВМРО-ДПМНЕ потребна е темелна и суштинска обнова на правосудниот систем.

 

Игор Панов