Политика

Власта и опозицијата во клинч

22.11.2019 15:51

За опозициската ВМРО- ДПМНЕ власта шири лаги соочени со поразот на предстојните избори. Владеачките социјалдемократи со контра одговор, ВМРО-ДПМНЕ едно зборува дома друго надвор од земјата...

Власта и опозицијата во клинч- кој шири лажни вести, а кој зборува вистина? За  опозициската ВМРО- ДПМНЕ власта шири лаги соочени со поразот на предстојните избори поради слабите политики. Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ од Лајпциг порача дека завидливоста на Заев доаѓа до полн израз.

Владеачките социјалдемократи со контра одговор, ВМРО-ДПМНЕ едно зборува дома друго надвор од земјата. Тие се против ЕУ и НАТО, но и против нашите политики со кои враќаме пари на граѓаните, вели генералниот секретар на СДСМ, Николовски.

И додека опозицијата вели оти бастионт за лажни вести по изборите ќе замине во историјата, од владеачката партија посочуваат дека нивните опоненти не можат да се соочат со фактот оти нема веќе притисок врз медиумите и судството, а земјата е светол пример.

Миле Ристески