Романија: Јоханис победник на претседателските избори

25.11.2019 10:31

Од преброени речиси 88 насто од гласовите, Јоханис освои 63,2 проценти, а досегашната премиерка Данчила 36,8.

Клаус Јоханис е реизбран за претседател на Романија, откако оствари убедлива победа во вториот изборен круг против лидерката на Социјалдемократската партија, Вјорика Данчила.

Од преброени речиси 88 насто од гласовите, Јоханис освои 63,2 проценти, а досегашната премиерка Данчила 36,8.

Излезноста во вториот круг изнесувала  49,87 проценти, што е намалување во однос на 53,17 проценти во споредба со 2014 година.