Мила Москов на Јуниорскиот Евросонг 2019

24.11.2019 11:43

Миленик на публиката, но и на медиумите, заслужено го доби највисокото признание од страна на интернационалниот медиа портал Destination Eurovision – Сертфикат за најдобар евровизиски пакет според мислењето на читателите, коешто и беше врачено пред сите присутни учесници и медиуми низ директен ТВ пренос на националната полска телевизија.

За време на пробите на 17-то издание на Јуниорскиот Евросонг, Мила ги крена на нозе сите присутни во Арената Гливице во Полска! Со извонредниот настап на  “Fire”, на музика и текст на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, 14 годишната Мила Москов од Прилеп, буквално ја “разгоре” атмосферата помеѓу сите присутни овде во Полска. Миленик на публиката, но и на медиумите, заслужено го доби највисокото признание од страна на интернационалниот медиа портал Destination Eurovision – Сертфикат за најдобар евровизиски пакет според мислењето на читателите, коешто и беше врачено пред сите присутни учесници и медиуми низ директен ТВ пренос на националната полска телевизија.

Фановите и поддржувачите на Македонскиот претставник ширум светот, па и од нашата земја, сеуште можат да гласаат на https://vote.junioreurovision.tv и да го дадат својот глас за Мила, со што ќе го дефинираат победникот на годинешниот Јуниорски Евросонг во сооднос 50% од онлајн гласањето, додека пак останатите 50% ќе бидат обезбедени од работата на стручните жири комисии од секоја земја учесничка.

Без оглед на финалниот пласман во недела, Мила и целиот тим се исклучително задоволни од комплетниот производ во кој вложивме многу труд и љубов во изминатите неколку месеци. Горди на сработеното, го очекуваме Големото финале на Јуниорскиот Евросонг кое стартува во недела на 24 ноември во 16 часот на програмите на Македонската радио телевизија.

Мери Попова