Мила Москов го освои шестото место на детската Евровизија

25.11.2019 10:53

Македонија по 15. пат се претстави на овој музички настан, а ова е најдобриот пласман за нашата земја.

Со вкупно 150 поени од публиката и од жирито, Мила Москов со песната „Fire“ го освои шестото место на Детскиот избор за песна на Евровизија 2019. Македонија по 15. пат се претстави на овој музички настан, а ова е најдобриот пласман за нашата земја.

Песната „Fire“ Мила ја отпеа маестрално. Со својата изведба 14-годишната Мила ги воодушеви сите присутни и измами огромен аплауз.

Победник на детската Евровизија со најмногу освоени бодови е 15-годишната претставничка на Полска, Вики Габор, на второто место се најде Казахстан, а како третопласирана заврши Шпанија.