25 ноември – Меѓународен ден за борба против насилството врз жените

25.11.2019 11:00

Како и претходно, и годинава меѓународниот ден ќе го означи отпочнувањето на 16 дена активизам што ќе заврши на 10-ти декември 2019-та, што се совпаѓа со Меѓународниот ден на човековите права.

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените годинава се одбележува под мотото „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето“.

Како и претходно, и годинава меѓународниот ден ќе го означи отпочнувањето на 16 дена активизам што ќе заврши на 10-ти декември 2019-та, што се совпаѓа со Меѓународниот ден на човековите права.

По повод 25-ти ноември, генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш апелираше да се стави крај на сите видови насилство врз жените и девојчињата.