ПЕКИНГ

Ванг Ји: Хонгконг е дел од Кина

25.11.2019 11:05

Продемократската опозиција победи на изборите во Хонгконг, што е нов удар за шефицата на локалната влада, Кери Лам, и осуда на нејзиниот однос кон насилните протести...

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Хонгконг е дел од Кина, без разлика што ќе се случи во оваа полуавтономна територија.

Продемократската опозиција победи на изборите во Хонгконг, што е нов удар за шефицата на локалната влада, Кери Лам, и осуда на нејзиниот однос кон насилните протести што со месеци ја потресуваат оваа автономна кинеска територија.