ДИЈАСПОРА

Од активностите во дијаспората

22.11.2019 15:08

Македонците во дијаспората со, своите активности и манифестации имаат голем придонес за доближувањето на нивната татковина, до јавноста во Земјите каде што живеат.

Така, во Задар на 27 Ноември, во организација на македонското културно друштво „Билјана“ од овој град во, Хрватска, во соработка со претставничката на македонското национално малцинство во Задарската жупанија и хрватското книжевно друштво-огранок Задар,ќе се одржат шеснасетите денови на македонската култура.

Во рамките на оваа културна  манифестација на македонците од овој дел на Хрватска, ќе има промоција на книга, а пригодна програма ќе имаат секциите на македонското културно друштво „Билјана“ од Задар.