Како да го исчистите организмот
Вашиот организам е презаситен од храна, газирани пијалаци, кафе, цигари. Наједноставен начин да го исчистите од токсичните материи е да го направите следниов напиток:

Основниот состав на овој напиток што треба да го земате во еднакви количини на секои два часа е од домати. Ова е всушност и начин како да симнете некој килограм. Затоа, не заборавајте, по ова „чистење“ не посегнувајте по слатки пијалаци и чоколада. А напитокот се прави на следниов начин:
- 450 грама свежи домати, излупени и ситно исецкани, може и рендани
-50 грама кашкавал(рендан на крупно ренде)
-половина свежа пиперка
-парче корен од целер,ситно сецкан.
Сите состојки се миксираат и добро се промешуваат, се додава малку сол, црн пипер, и се разредува со минерална вода, за да се добие саканата густина. Од оваа количина се добива 8 чаши течна храна. Пијте на секои 2 часа по 1 чаша.
Катерина Стојановска – Десковска
