Вашингтон
Борисов во официјална посета на САД
25.11.2019 12:12
Се очекува двајцата лидери да разговараат за стратешките односи меѓу двете земји и развојот на билатералните односи, а акцент ќе биде ставен на начините за зајакнување на соработката во областа на безбедноста.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во официјална посета на САД при што ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Се очекува двајцата лидери да разговараат за стратешките односи меѓу двете земји и развојот на билатералните односи, а акцент ќе биде ставен на начините за зајакнување на соработката во областа на безбедноста.
Средбата на американскиот претседател со бугарскиот премиер е дел од серијата разговори со лидерите од Централна Европа.
