Концерт на Петар Македонски - труба и Надежда Цанова - пијано, Бугарија
Вечерва во рамки на фестивалот "Есенски музички свечености", вo Музејот на македонската борба свое претставување ќе имаат гостите од Бугарија Петар Македонски на труба и Надежда Цанова на пијано.
На програмата се дела од Хидас, Енеску, Евазен, Бојаџиев, Казанџиев, Гершвин.

Вечерва во рамки на фестивалот "Есенски музички свечености", вo Музејот на македонската борба свое претставување ќе имаат гостите од Бугарија Петар Македонски на труба и Надежда Цанова на пијано.
На програмата се дела од Хидас, Енеску, Евазен, Бојаџиев, Казанџиев, Гершвин.
Во 2009 год. „Концетот за пијано, труба и гудачки оркестар“ од Димитриј Шостакович откри двајца истакнати, млади инструменталисти, добитници на престижни награди од национални и меѓународни натпревари на сцената на Музичката академија во Софија.
Надежда Цанова има освоено повеќе од 20 награди на нацаионални и меѓународни нетпревари, меѓу кои: International piano competition „Flame“ – Париз, Франција, International piano competition „Mayenne“ – Франција, Sergei Prokofiev – Доњецк, Украина, Debut Berlin - Берлин, Германија. Има настапувано во: Белгија, Холандија, Франција, САД, Јапонија, Кина, Турција, Шпанија, Италија, Чешка, Германија и др. Има разновиден репертоар, не само како солист, туку и како камерен музичар. Во периодот од 2016 до 2017 година има остварено три успешни гостувања во Јапонија и Кина.
Петар Мекедонски ги има освоено првите награди од 16 натпревари, меѓу кои „Охридски Бисери“ - Р. Македонија, „Конкурс за чешка и словачка музика“ - Варна, Бугарија, „Конкурс за германска и австријска музика“ - Бургас, Бугарија. Како солист има настапувано во Франција, Германија, Италија, Швајцарија, Шпанија, Чешка, Кореја, Јапонија. Неговиот соло репертоар вклучува: концерти за труба и оркестар од Хајдн, Хумел, Неруда, Харусијан и други. Работел како прва труба во Софијската опера и балет, Софијската филхармонија, а од 2013 година е прва труба во симфонискиот оркестар на Бугарското Национално радио.
Успехот на нивниот прв концерт со Надежда Цанова е повод за нови колаборативни, креативни проекти. Ја освојуваат наградата Grand Prix на меѓународниот натпревар за „Музика и Земјата“ во 2017 година. Наградата им носи покана законцерт на Француското Национално радио во 2018 година и аудио запис на „Соната за тромпет и пијано“ на Пол Хиндемит за „Златниот фонд“ на Бугарското национално радио.
Концертот на Димитриј Шостакович е нивната визит-карта, која го изведуваат многу пати со различни диригенти и оркетри, на престижни концерти и фестивали во Бугарија, од кои последен е „Balchik classic days“ со Софијскиот солистички окрестар.
